Политика за приватност

Политика за приватност на личните податоци

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој се собират, користат, одржуваат и откриваат податоците собрани од корисниците при посета на мојата интернет страница www.violeta-lehmler.de .

Надлежно лице за спроведување на политиката за приватност на личните податоци на оваа интернет станица е:

Violeta Lehmler
Овластен судски преведувач
и толкувач за македонски јазик
Eudenbacher Straße 67
53638 Königswinter
Телефон: 0163/6 93 80 09
E-маил: violeta_lehmler@yahoo.de

За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува. Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации) се собираат само доколку Вие доброволно ги дадете заради користење на моите услуги т.е изработка на преводи, подготовка за толкување, како и за подобрување на функционалноста на страницата.

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страницата од корисниците, може да се евидентираат и информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

Обработката на Вашите лични податоци се врши согласно прописите за заштита на лични податоци на СР Германија и од моја стана се превземени ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располагам. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во со закон предвидена постапка.

Со користење на оваа страница, Вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме да не ја користете интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Copyright © 2018 Violeta Lehmler