Преводи / Толкување



18 години работно искуство како преведувач и толкувач!

Судски заверени преводи
Како овластен судски преведувач за македонски јазик можам со печат да ги заверам од мене изработените преводи од македонски на германски јазик, за да бидат признаени од надлежниот службен орган во СР Германија. Меѓу документите, кои пред германските органи најчесто треба да бидат приложени во заверена форма припаѓаат изводи од матичната книга на родените и венчаните, пресуди за развод и други судски пресуди, возачки дозволи, полномошна, уверенија за слободна брачна состојба, свидетелства и дипломи, решенија за отпуст од државјанство итн.

Стручни преводи
Изработувам преводи од сите стручни области, но најголемо искуство имам во изработка на преводи од областа на медицината, правните науки, образование, политика, миграција и азил итн.  

Толкување
Како толкувач работам по налог на судските и полициските органи на Северна Рајна- Вестфалија и Рајнската област-Пфалц, но исто така и за приватни лица и претпријатија.

 

Copyright © 2018 Violeta Lehmler